Средба на ректорката проф. д-р Биљана Ангелова со делегацијата од Универзитетот „Ориентале“ во Неапол предводена од ректорот проф. д-р Роберто Тотоли
 Денес, 12 март, ректорката проф. д-р Биљана Ангелова имаше средба со ректорот на Универзитетот „Ориентале“ во Неапол проф. д-р Роберто Тотоли и делегацијата која тој ја предводеше.
Денес, 12 март, ректорката проф. д-р Биљана Ангелова имаше средба со ректорот на Универзитетот „Ориентале“ во Неапол проф. д-р Роберто Тотоли и делегацијата која тој ја предводеше.
На средбата се разговараше за продлабочување на академската соработка, со посебен акцент на заеднички истражувачки проекти, размена на наставен кадар и мобилност на студенти во рамките на билатералниот договор за соработка и програмата Еразмус+.
Универзитетот Л’Ориентале во Неапол, основан во 1732 година, и е најстарата високообразовна институција во Италија посветена на ориенталните и интеркултурните студии. Во 1969 година, токму на овој универзитет беше отворен лекторат по македонски јазик, кој одигра значајна улога во промовирањето на македонскиот јазик во Италија.


 Бул. „Гоце Делчев“ бр. 9, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 9, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
 ukim@ukim.edu.mk
ukim@ukim.edu.mk 3293-293 (централа)
3293-293 (централа) 
 
    