Добредојдовте на АЛУМНИ страната на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје – заедница што ги обединува сите кои дипломирале, магистрирале или докторирале на УКИМ.
АЛУМНИ мрежата има за цел да ги поврзе сите генерации студенти и да создаде платформа за континуирана соработка, размена на искуства и поддршка во професионалниот и личниот развој. Таа овозможува и поврзување со стопанството, образовните и истражувачките институции на национално и на меѓународно ниво.
Преку оваа мрежа, поранешните студенти можат да останат во контакт со своите колеги и професори, да се вклучат во различни иницијативи и активности, да придонесат кон унапредување на универзитетската и пошироката академска заедница.
АЛУМНИ мрежата не само што поттикнува личен и професионален развој, туку придонесува и за зајакнување на поврзаноста меѓу Универзитетот, неговите поранешни студенти и општеството во целина.
Членството е доброволно и отворено за сите кои студирале на УКИМ.
Регистрирајте се онлајн, приклучете се кон заедницата и станете дел од мрежата што го негува континуитетот, традицијата и угледот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Мисија
АЛУМНИ мрежата има за цел да ги поврзе сите генерации студенти, создавајќи платформа за континуирана соработка и развој. Со оваа мрежа, поранешните студенти ќе можат да останат во контакт со своите соученици, да споделуваат искуства и знаења, и да се вклучат во разни професионални и општествени активности. Покрај тоа, мрежата ќе овозможи тековните студенти да добијат поддршка и менторство од алумни, што ќе придонесе за нивниот личен и професионален раст. На тој начин, оваа мрежа ќе ги поврзе сите генерации студенти на факултетите и институтите на УКИМ, со цел остварување заедничка континуирана соработка која ќе почива на цврсти темели и ќе придонесе за развој како на членовите на АЛУМНИ мрежата, така и на самиот Универзитет, односно на факултетите и институтите во негов состав и бизнис заедницата во целост.
Визија
АЛУМНИ мрежата е формирана со визија да развие силно чувство на припадност кон Универзитетот кај сегашните и поранешните студенти преку најразлични активности и тоа:
- За студентите:
- Зголемени можности за професионален развој, менторство и вмрежување.
- За алумните:
- Платформа за враќање и поддршка на факултетот, како и за продолжување на личниот и професионалниот развој.
- За академскиот кадар:
- Подобра соработка со алумните, односно со бизнис заедницата и пошироката општествена заедница, што ќе овозможи поголем успех во образовните и истражувачките активности.
- За општествената и бизнис заедницата:
- Пристап до талентирани студенти и можности за соработка со факултетот и алумните.
Со зачленувањето се збогатува најголемото семејство на професионалци и стручњаци од соодветните области во земјата. АЛУМНИ мрежата не само што ќе придонесе за личен и професионален напредок на своите членови, туку и ќе го зајакне Универзитетот со бизнис и општествената заедницата во целост, преку професионално вмрежување.
- Да се поврзат сите поранешни студенти во АЛУМНИ мрежата;
- Да се креира база која ќе ги содржи податоците на сите регистрирани во АЛУМНИ и да ги направи достапни за сите алумни со цел да се овозможи нивно вмрежување за реализација на зедничките цели во иднина;
- Да се гради и јакне врската меѓу студентите, алумните, кадарот на УКИМ, бизнисот и општествената заедница во целост;
- Да се чува и негува традицијата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, да се јакне неговиот углед и да се промовираат неговите интереси и заложби;
- Да се развие и продлабочи соработката на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје, со компаниите и институциите во кои работат негови поранешни студенти;
- АЛУМНИ да работи во насока на меѓународна афирмација на Универзитетот;
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 9, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
ukim@ukim.edu.mk
3293-293 (централа)