Проф. д-р Драган Мијакоски од Медицинскиот факултет, најдобар научник за медицински науки и здравство

✨Проф. д-р Драган Мијакоски од Медицинскиот факултет е добитник на Наградата на УКИМ за најдобар научник во подрачјето медицински науки и здравство за 2024 година.
Неговиот фокус е на јавното здравје, медицината на трудот, пулмологијата и алергологијата, како и на менталното здравје поврзано со факторите од работната средина.
Во истражувањата обработува теми како што се професионалните алергии, хроничните респираторни болести и психосоцијалните штетности на работното место.
Посебно значајни се анализите за здравјето и безбедноста на здравствените работници и влијанието на организацијата на работата врз менталната благосостојба на работниците.
Во 2024 година, проф. Мијакоски објавува научни трудови и учествува во европски мрежи и проекти како GA2LEN, EMBARC, OMEGANET, ReMO и други. Научната продуктивност, мерена преку публикации, проекти и меѓународна соработка, го вбројува меѓу најпродуктивните истражувачи во неговата област, за таа година.✨


Бул. „Гоце Делчев“ бр. 9, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
ukim@ukim.edu.mk
3293-293 (централа)