Почетна | Вести | 04.10.2026


Хуманата комуникација кај младите – важна тема за современото општество

✨Ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова, се обрати на научната конференција посветена на проектот „Хумана комуникација кај младите: аспекти, фактори и креативни начини на нејзино развивање“, која се одржи на 2 октомври о.г.

Во услови на забрзана дигитализација и нови начини на комуникација, прашањето не е само како комуницираме, туку и како да комуницираме поодговорно, поемпатично и похумано.

Посебен фокус на конференцијата е ставен на активното вклучување на младите во истражувачкиот процес – како учесници во создавањето научно знаење, но и како генерација која ги гради општеството и комуникацијата на иднината.

На младите им должиме знаење, но и доверба. Им должиме можност да прашуваат, да истражуваат, да создаваат и да бидат слушнати.✨