Можности за соработка со издавачката куќа Elsevier
На УКИМ отпочната соработка со Elsevier, ПРЕКУ Science Direct И Scopus Работна група од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, предводена од проректорот за наука, проф.д-р Валентина Гечевска и проректорот за меѓународна соработка, проф.д-р Ордан Чукалиев, оствари работна средба со претставници на агрегаторот Science Direct на реномираната академска издавачка куќа Elsevier, предводени од Хелена Пацуска, менаџер за Источна Европа, Русија и Централна Азија. Средбата се оддржа на 25.10.2022 во Ректоратот на Универзитетот. Главната цел на средбата беше отпочнување соработка со најзначајниот агрегатор за научни истражувања, Science Direct на Elsevier, преку анализа на можности за: пристапи до full-text научни публикации и книги, класификации по научни области, специјални изданија, како и инструменти на индексациската база Scopus на Elsevier, кон подобрување на видливоста на научноистражувачките ресурси на Универзитетот. Соработката со Elsevier, преку Science Direct и Scopus, за академската заедница на УКИМ, наставниците, соработниците и студентите на сите циклуси на студии, нуди можности за пристап до научни публикации поврзани со up-to-date научни истражувања, колекции на академски изданија за сите научноистражувачки подрачја, како и подобрување на видливоста за сопствените научноистражувачки резултати.
|