Потпишан меморандум за соработка со амбасадата на Франција во РСМ
На 12 декември о.г., Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје потпиша Меморандум за соработка со Амбасадата на Франција во РСМ. Од името на двете институции, Меморандумот го потпишаа ректорот на Универзитетот проф. д-р Никола Јанкуловски и амбасадорот на Р Франција во земјава, неговата екселенција г. Сирил Бомгартнер.
Потпишувањето на Меморандумот е со цел за меѓусебна соработка, иницирана од потребите на високообразовната дејност, за реализирање на следните цели:
Во таа насока, Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Амбасадата на Франција, преку Францускиот институт во Скопје, дефинираат акциски план кој има за цел промовирање на студиите по француски јазик и книжевност преку три области на делување: понуда на стипендии за мобилност кон Франција за студентите на оваа програма на Катедрата; активности за комуникација кон средношколците од 15 средни училишта во РСМ однапред идентификувани; подобрување и збогатување на студиите по француски јазик. |