Почетна | Новости | 24.05.2021


Патронат на УКИМ 2021

Повторно чествување во пандемиски услови на патрониот ден и 72 – годишнината од основањето на УКИМ

 

 

Денес, делегација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, предводена од ректорот проф. д-р Никола Јанкуловски, а составена од проректорите: проф. д-р Биљана Ангеловапроф. д-р Христина Спасевскапроф. д-р Валентина Гечевскапроф. д-р Ордан Чукалиев и генералниот секретар на УКИМ м-р Марија Маневска, како и од претседателот на Универзитетскиот сенат проф. д-р Анета Баракоска, положи свежо цвеќе пред споменикот на патроните на УКИМ, светите браќа Кирил и Методиј, кој се наоѓа на платото на универзитетскиот кампус за општествени науки. Исто така,  свежо цвеќе положи и делегација на студентите на УКИМ, предводена од Ева Цветковска, претседател на Универзитетското студентско собрание на УКИМ.
На споменикот, во чест на државниот празник „24 Мај“ свежо цвеќе положија високи делегации на државниот врв, дипломатскиот кор и на други општествено-политички организации во државава.
Деканите и директорите на единиците на УКИМ, се приклучија во чествувањето на патроните со положување на свежо цвеќе. Чинот на положување свежо цвеќе од страна на деканите и директорите на УКИМ ќе се одвива и во текот на наредните денови заради протоколите и мерките за заштита од Ковид-19.
Во соработка со МРТВ е снимена специјална емисија по повод патрониот ден на УКИМ која ќе се емитува на 24 мај, на првата програма, со почеток во 18:00 часот.