Почетна | Новости | 10.10.2024


УКИМ Кампања „ДОНИРАЈ ГЛАС“

9 октомври 2024

 

Донирајте го својот глас преку платформата Mozilla Common Voice (упатства) и помогнете ни да стигнеме до 600 часа снимен говор!

Ако вашиот глас го употребиме во тренингот, тогаш ќе бидете полесно препознатливи во новата верзија на Буки. Најпотребни ни се гласови на деца и повозрасни луѓе, затоа што нив најмалку ги има во тренинг податоците.

 

За да можете да се уверите во брзината и точноста на Буки, Фондација КАНТАРОТ ќе овозможи бесплатно тестирање во наредните две недели, користејќи ја платформата Hugging Face. Моделите се бидат отворени за користење од 9 октомври во 14:30 по македонско на следниов линк:

https://huggingface.co/Macedonian-ASR

 

Ќе имате пристап до моделот Буки-wav2vec2 (брз и точен), Буки-Whisper (побавен и поточен), како и до споредба помеѓу Буки-Whisper и отворените модели на OpenAI и Meta. На следниот линк има видео демонстрација како да го тестирате моделот.

Се надеваме дека наскоро ќе стигнеме до силна графичка картичка за да продолжиме да го користиме Буки локално. Во меѓувреме донирајте глас, зашто кој донира транскрибира!