Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура | Летни школи

Во годината кога најстариот и најреномиран Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје одбележува 75 години од основањето, Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ ја организира 57. Летна школа што ќе се одржи во прекрасниот древен град, културен, духовен и туристички центар Охрид од 15–29 август 2024 во Конгресниот центар на УКИМ.

Со нова визија, подновен концепт и збогатени содржини, МСМЈЛК при УКИМ овозможува извонредна можност македонскиот јазик, литература и култура да се изучуваат во тек на две седмици од страна на врвни професори, предавачи, научни работници и соработници, истакнати македонисти, филолози, културолози, фолклористи, етнолози, музиколози, филозофи и историчари.

Меѓународниот семинар организира редовна настава, пленарни предавања и изборни курсеви, а од оваа година овозможува широка палета на содржини, културно-уметничка програма, промоции, средби со писатели и екскурзии со посета на значајни културно-историски знаменитости.
Охрид е древен град, град на културно-историско наследство што спаѓа во светско културно наследство и богатство, град на УНЕСКО и една од врвните светски туристички дестинации. Охридско-Струшкиот регион и Охридското Езеро се вистински бисер на Балканот и голем културен и туристички центар.

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ
ИМА ЧЕСТ ДА ВЕ ПОКАНИ ДА УЧЕСТВУВАТЕ НА 57. ЛЕТНА ШКОЛА НА МСМЈЛК при УКИМ којашто ќе се одржи од 15–29.8.2024 година во Охрид.

Ве молиме проследете го текстот со подетални информации на следниот линк.

Електронска пријава може да се направи на следниот линк.

Адреса: Бул. Гоце Делчев бр. 9, 1000 Скопје
msmjlk@ukim.edu.mk
www.ukim.edu.mk/msmjlk

Во прилог:

  • Видео „Летна школа“ – изработен од Елена Ѓорѓиовска, лектор на МСМЈЛК при УКИМ, работи како лектор по македонски јазик на Факултетот за странски јазици и литератури во Букурешт, Р. Романија
  • Видео „Охридска песна“ – Илинка Скаловска – автор на музиката и видеото, и клавирска изведба.

 

Меѓународен семинар за македонски јазик литература и култура УКИМ во Скопје

 
Почитувани,
 
    Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и оваа година во периодот од 17 август до 31 август 2023 година ќе ја организира 56. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ. Наставата ќе се одвива со секојдневни активности на учесниците насочени кон изучувањето на македонскиот јазик преку лекторски курсеви поделени според степенот на познавање на јазикот. Исто така, предвидени се секојдневни тематски предавања, кои ќе ги изведуваат универзитетски професори и истакнати научни работници. 
      Во вечерните часови е предвиден термин за презентации, промоции и интерактивни настани  со кои ќе се збогати научната и културната понуда за учесниците. Во рамките на овие термини ќе се промовираат најнови научни и книжевни изданија, ќе се овозможат средби со познати македонски автори, ќе се овозможи проекција на документарни филмови од областа на културата и етнологијата.
Во рамките на Меѓународниот семинар, од 1 до 3 септември ќе се одржи 50. Меѓународна научна конференција на која македонските и странските експерти ќе ги презентираат своите најнови истражувања од областа на македонистиката.
    Доследно почитувајќи ја традицијата, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ преку предвидените активности на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, во периодот од 17 август до 4 септември 2023 година во Охрид – градот на древните цивилизации, духовната традиција и на изворот на словенската писменост, постепено прераснува во летен Универзитет по македонистика.
 
Организатор
 
    Летната школа ја организира Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
 
Адреса: Бул. Гоце Делчев бр. 9, 1000 Скопје
msmjlk@ukim.edu.mk
www.ukim.edu.mk/msmjlk
 
Предавачи и лектори
 
    На Летната школа лекторските часови и предавањата ќе ги реализираат универзитетски професори и научни работници од повеќе единици во состав на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје. Лектори ќе бидат наставници и соработници од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, кои се обучени за одржување настава по македонски јазик како странски, согласно стандардите на Европската рамка за изучување на јазиците и кои ги користат методите и стандардите на Центарот за тестирање и сертифицирање на македонскиот јазик како странски.
 
Програма
 
    Летната школа се реализира преку секојдневни лекторски часови поделени според нивото на познавање на јазикот и нивниот интерес на почетно, средно и напреднато рамниште (со три поднивоа: јазик, литература и превод).
 
Локација
 
    56. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ ќе се одржи во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“  оддалечен (7км) од градот Охрид, сместен покрај брегот на Охридското Езеро.
 
Членови на организациски тим
проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска
м-р Евдокија Илијевска
 
 
Контакт
– Поштенска адреса: Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, бул. Гоце Делчев бр. 9, 1000 Скопје
– број на телефон: +389 2 32 93 232
– електронска адреса: msmjlk@ukim.edu.mk
 
Директорка на Меѓународниот семинар
проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска

54-тата Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура која ќе се одржи во периодот од 15 август до 1 септември 2021 година во Охрид, ќе се одвива според следената програма:
Отворање на 54-тата летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ во Скопје
Предавање на проф. д-р Маја Јакимовска-Тошиќ
Промoцијата на зборникот Конески на 11 јазици
Предавање на проф. д-р Искра Тасевска Хаџи-Бошкова, на тема: Блаже Конески за македонската литература од 19 век
Предавање на проф. д-р Лидија Стојановиќ-Лафазановска, на тема: Блаже Конески за Зборникот на Миладиновци
Промоцијата на книгата Теми за македонската книжевност XX век, од академик Ала Шешкен
Предавање на академик Катица Ќулавкова на тема: Поетиката на прозата на Б. Конески, жанровски и стилски карактеристики
Предавање на проф. Људмил Спасов на тема: Очи во очи со Блаже Конески
Предавање на проф. д-р Ана Мартиноска на тема: Блаже Конески како инспирација
Предавање на проф. д-р Елизабета Шелев на тема: Блаже Конески во 21 век
Промоцијата на книгата „Книга за Живко Чинго“
Тркалезна маса на тема: Блаже Конески во наставата по македонски јазик, литература и култура на странските универзитети
Предавање на проф. д-р Венко Андоновски на тема: Апрокрифното потекло на поимите „сила“, „бог“ и „острастеност“ во епско-лирските песни на Конески
Предавање на проф. д-р Ѓоко Ѓоргевски на тема: Препрочитување на „Молитва“ од Блаже Конески низ призмата на псалтирскиот пролог
Предавање на проф. д-р Димитар Пандев на тема: Блаже Конески во Охрид

ПРИГОДНИ ОБРАЌАЊА

По повод отворањето на 53. Летна школа

По повод затворањето на 53. Летна школа

 
ЛЕКТОРСКИ ВЕЖБИ (настава на далечина)
Почетно ниво:
  • д-р БОРЧЕ АРСОВ
  • м-р БИЉАНА СТОЈАНОВСКА

Средно ниво:

  • м-р БОБАН КАРАПЕЈОВСКИ
  • м-р БОЈАН ПЕТРЕВСКИ
  • МАРИЈА ПАНДЕВА

Напреднато ниво (јазик)

    доц. д-р ГОРДАНА АЛЕКСОВА
 
ПРЕДАВАЊА
 
проф. д-р ЕМИЛИЈА ЦРВЕНКОВСКА
ОД ГЛАГОЛИЦА ДО СОВРЕМЕНА МАКЕДОНСКА КИРИЛИЦА
(по повод 75 години од македонската азбука)
проф. д-р ДИМИТАР ПАНДЕВ
Г. ПРЛИЧЕВ НАСПРОТИ К. МИЛАДИНОВ
(по повод 190 години од раѓањето на Григор Прличев и Константин Миладинов)
проф. д-р АНГЕЛИНА БАНОВИЌ-МАРКОВСКА
В. ЧЕРНОДРИНСКИ НАСПРОТИ Д. ДУКОВСКИ
(по повод 120 година од праизведбата на „Македонска крвава свадба“ од Војдан Чернодрински)
проф. д-р МАРЈАН МАРКОВИЌ
ПРИНЦИПИТЕ НА ЛИНГВИСТИЧКАТА ГЕОГРАФИЈА ВО ОБРАБОТКАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ДИЈАЛЕКТИ
(по повод 100 години од раѓањето на академик Божидар Видоески)
проф. д-р ЃОКО ЃОРГЕВСКИ
ДУХОВНОТО НАСЛЕДСТВО НА СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ
проф. д-р СИМОНА ГРУЕВСКА-МАЏОСКА
ЈАЗИЧНАТА ПОЛИТИКА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ОД НЕГОВАТА СТАНДАРДИЗАЦИЈА ДО ДЕНЕС
(по повод 75 години стандарден македонски јазик)
проф. д-р ТРАЈЧЕ СТАМЕСКИ
АСПЕКТИТЕ НА ПРОЗАТА НА МАРКО ЦЕПЕНКОВ
(по повод 100 години од смртта на Марко Цепенков)
проф. д-р СОЊА СТОЈМЕНСКА-ЕЛЗЕСЕР
РАСКАЗИТЕ НА ЈАНЕВСКИ – ВУЛКАН ОД ФАНТАЗИЈА И ЛЕКСИЧКО БОГАТСТВО
(по повод 100 години од раѓањето на Славко Јаневски)
проф. д-р АНАСТАСИЈА ЃУРЧИНОВА
ИЗБОР ОД НАУЧНИТЕ ИЗДАНИЈА НА ФИЛОЛОШКИОТ ФАКУЛТЕТ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“ ВО СКОПЈЕ
проф. д-р ЕЛЕНА ЈОВАНОВА-ГРУЈОВСКА
НАУЧНА ПРОШЕТКА СО ИЗДАНИЈАТА НА ИНСТИТУТОТ ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК „КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ“
проф. д-р МАЈА ЈАКИМОВСКА-ТОШИЌ
НАУЧНА ПРОШЕТКА СО ИЗДАНИЈАТА НА ИНСТИТУТОТ ЗА МАКЕДОНСКА ЛИТЕРАТУРА
КУРСЕВИ ПО ИЗБОР
 
1. Курс: македонскиот јазик
проф. д-р СЛАВИЦА ВЕЛЕВА
2. Курс: македонска литература и култура
проф. д-р КРИСТИНА НИКОЛОВСКА
3. Курс: македонска литература и култура
проф. д-р НИКОС ЧАУСИДИС

52 летна школа на Meѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура ќе се одржи од 4 август до 23 август 2019 година во Охрид во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје – (поранешно Универзитетско одморалиште). Конгресниот центар се наоѓа во с. Коњско на 7 км од центарот на Охрид по патот кон Св. Наум.

Од Охрид до Конгресниот центар можете да се стигне со автобус или со такси. На секои 15 до 20 минути има автобуси од Градската автобуска станица во Охрид кон с. Коњско. Може да се користат автобусите кои одат кон: Св. Наум, Пештани и Елшани. Треба да се слезе на станицата кај хотелот Метропол. Конгресниот центар е веднаш помеѓу станицата и езерото.

Доколку се патува со автомобил, Охрид се наоѓа на 170 km од Скопје. Детален опис како да се стигне до Охрид има на следниов линк

Ако во Скопје се пристигне со авион од Скопскиот аеродром може да се користи такси до Охрид или до Скопје. Веб страницата на Скопскиот аеродром е: https://www.airports.com.mk.