CIRKO
Центарот за истражувања, развој и континуирано образование – ЦИРКО е основан во 2002 година од Машинскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Основна цел на Центарот ЦИРКО е да спроведува истражувања, да поддржува развој во областа на машинското инженерство и да организира и координира професионални обуки во рамките на сите дисциплини кои ги покрива Машинскиот факултет – Скопје. |
INNO FEIT
Recognizing the need for stronger collaboration between academia and industry, the Faculty of Electrical Engineering and Information Technologies (FEIT) at UKIM established the Center for Technology Transfer and Innovation – INNOFEIT како дел од своите напори да го затвори јазот помеѓу академското образование и практичната експертиза и да ги подготви своите студенти за подобро справување со индустриските предизвици кои претстојат. ИННОФЕИТ е Центар за интеракција меѓу персоналот на ФЕИТ, студентите на ФЕИТ и индустриските партнери што ќе поттикне врски и трансфер на технологија, како и нови иновативни идеи кои ќе помогнат во економскиот раст на секторот и општеството воопшто. |
CIPOZ
За подобро искористување на своите човечки и техлолошките ресурси, Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, во 2002 година, го формираше Центарот за применети истражувања и перманентно образование во земјоделството – ЦИПОЗ. Центарот ЦИПОЗ делува во областа на земјоделството, од една страна на зголемување на истражувачката работа, а од друга страна на подобрување на практиката на студентите и фармерите. |
Business Accelerator UKIM
Бизнис акцелератор УКИМ (БАУ) е водечки бизнис-технолошки акцелератор посветен на поттикнување на растот на многу перспективни технолошки претприемачи, стартапи, spin-offs и scale-ups во Република Северна Македонија. Обезбедува поддршка преку:
Покрај Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во основањето на БАУ УКИМ учестрвуваат и дополнителните основачки партнери: РСМ Македонија, Развојната фондација Кримсон и Фондацијата проф. д-р Димитар Стамболиев. |
FABLAB SKOPJE
MFS FABLAB Skopje
ФАБ ЛАБ Скопје е производствена фабрикациска лабораторија на Машинскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Претставува место за истражување, практично учење и изработка на проекти со примена на дигитални производствени алатки. Наменета е за студентите и младите каде имаат пристап до алатки, машини и уреди, каде можат да дојдат и да разменат знаења и практики и да реализираат обуки со цел поттикнување на иновативноста во инженерството и применетите технологии. |
FEIT – FabLAB
ФЕИТ FabLab е фабрикациска лабораторија на Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со мисија е да ја поттикнеме културата на практично учење, соработка и иновации во областа на инженерството и технологијата. Целта е да се поттикнат поединците, особено младите луѓе, со вештините и алатките што им се потребни за да ги оживеат нивните идеи, а истовремено да се премости јазот помеѓу академијата и индустријата. |
Inno – FabLAB
Inno – FabLAB е фабрикациска лабораторија на Технолошко-металуршкиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. |
МФС УКИМ |
ФЕИТ УКИМ |
ФЗНХ УКИМ |
ФИНКИ УКИМ |
ТМФ УКИМ |