Репозиториум на трудови на УКИМ
Репозиториумот на научни и уметнички трудови на УКИМ претставува дигитална архива на збирки записи за научниот и уметничкиот опус на Универзитетот, но истовремено овозможува и отворен и контролиран пристап до достапните содржини, нивно пребарување и понатамошна обработка. Главна цел на репозиториумот на УКИМ е трајно да се складираат мета-податоците за трудовите на стандардизиран начин, кој овозможува обработка, размена и пребарување, како и подигнување на нивото на видливост на УКИМ. Основната поставка е отворена политика за пристап кај сите збирки, освен кај книгите.
Организиран е во организации (communities), кои соодветствуваат на факултетите и научните институти при УКИМ. Во рамки на секоја организација дефинирани се следните збирки (collections), организирани согласно природата на научните трудови кои се внесуваат.
Директен пристап преку следниот линк. |