Меморандуми за соработка | Бизнис заедница

Посветен на својата општествена мисија да придонесува за економски и општествен развој, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје има силно развиена деловна соработка преку трансфер на знаење, со сите чинители на екосистемот, претставен како четворен Хеликс на вмрежување: академија, бизнис секторот со индустријата, институциите и организациите од општествената заедница.

Во овој контекст, факултетите и институтите на УКИМ имаат развиени интензивни соработки и потпишани бројни договори со компаниите, индустријата и институциите, секој во специфичното подрачје на научноистражувачко и образовно делување. Преку овие форми на соработка, претставниците од реалниот сектор се вклучени во наставата со студентите како стручњаци од практиката, посети на производствени погони и услужни процеси, реализација и менторирање на практична настава, учество на саеми за кариера, како и сите форми на трансфер на технологии, трансфер на знаење и долгоживотно учење.

 

Во продолжение се наведени дел од институциите, компаниите и организациите, со кое УКИМ има потпишани договори за соработка.