Студентски организации | University Student Assembly

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот  „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УСС-УКИМ) е најголемата студентска организација во која членуваат претставници на студентите, на државно ниво.

More about УСС-УКИМ на следниот линк https://uss.ukim.mk/.

ЦЕЛИ НА УСС-УКИМ


 

Целта на УСС-УКИМ е да ги штити правата на студентите, да се грижи за квалитетот на животот на студентите, процесот на студирање и студентскиот стандард. Се бори за остварување на студентските права и интереси, придонесува за развиток на студентската културна, социјална и интелектуална надоградба, како и стимулирање на студентски активности.

  • Универзитетското студентско собрание ги штити интересите на студентите, учествува преку свои претставници во одлучувањето во органите и телата на Универзитетот и ги претставува студентите во рамки на високото образование, како членови на академската заедница.
  • Универзитетското студентско собрание има надлежност да избира студентски претставници во Универзитетскиот сенат и другите органи и тела на Универзитетот, каде што студентите, професорите и другите членови на академската заедница, заедно и рамноправно носат одлуки.
  • Универзитетското собрание го предлага и студентскиот правобранител пред Универзитетскиот сенат а и се грижи за квалитетот на студентот и квалитетот на процесот на студирање, студентскиот стандард, остварување на студентските права и интереси и за студентската културна, социјална и интелектуална надоградба.
  • Универзитетското студенско собрание може и да им предложи на органите на управување, како што се ректоратот, деканската управа и слично, финансирање на студентски активности. Исто така, собранието и поттикнува студентски активности и надвор од наставниот процес.

СТРУКТУРА на УСС-УКИМ


 

Универзитетското студентско собрание е составено од преставници на студентите, именувани од редот на претставниците избрани во факултетските студентски собранија.

  • Откако ќе бидат избрани студентските преставници во Факултетското студентско собрание, по систем на делегација, двајца студенти од Факултетското студентско собрание ќе бидат делегирани на универзитетско ниво и истите ќе станат претставници односно членови на УСС-УКИМ.
  • Претседателот на Универзитетското студентско собрание се избира од редот на претставниците именувани во Универзитетското студентско собрание. Неговиот мандат, како и мандатот на членовите односно претставниците на универзитетското студентско собрание трае една година со право на уште еден избор.

АКТИВНОСТИ на УСС-УКИМ


 

  • Одржување на студентски интердисциплинарни конференции;
  • Обезбедување на студентски поволности во разни објекти кои се раководени од Министерство за култура;
  • Организирање работилници и панел дискусии за студентска интелектуална надградба;
  • Доделување бесплатни карти за културни манифестации;
  • Програма и активности за реализација во Студентскиот културен центар;
  • Организирање на забави за студентско дружење;
  • Поттикнување за развој на научната свест кај студентите преку јавен повик за научни/стручни проекти;
  • Отпочнување на соработка со дипломатско-конзуларни претставништва и интернационални организации, со цел организирање на настани под нивно покровителство и/или поддршка;
  • Соработка со невладини организации од земјата;
  • Организирање на културни и спортски активности;
  • Активно учество во процесот на дигитализација на универзитетско ниво, кој има импликации на студентите;
  • Подобрување на комуникацијата меѓу факултетските студентски собранија, со цел вмрежување на студентите на УКИМ.