Почетна | Новости | 18.10.2024


National Geographic објави статија за истражување на професор од УКИМ

     

 

National Geographic Espana на насловната страна објави статија за научна публикација на проф. д-р Александар Узунов, од Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје кој, заедно со својот тим од повеќе држави,  за прв пат во Европа идентификуваше пчелно семејство од азиската џуџеста медоносна пчела Apis florea.

 

 

 

 

Научниот труд насловен “Apis florea in Europe: first report of the dwarf honey bee in Malta”, објавен во Journal of Apicultural Research, привлече голем интерес, но воедно и загриженост поради можноста од трансфер на патогени со кои се доведуваат во ризик медоносните пчели во Европа.

 

 

 

Со ова уште еднаш се препознава научноистражувачката компетентност и посветеност на наставно-научниот кадар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.

 

Статијата објавена во National Geographic Espana е достапна на следниот ЛИНК.

Научниот труд на следниот ЛИНК.