Согласно донесените политики на Европската Комисија, како и документите на Европската Универзитетска Асоцијација, придржувајќи се и почитувајќи ги принципите на отвореност, мултидисциплинарност и етички стандарди, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, донесе Декларација за употреба на алатки за генеративна вештачка интелигенција.
Поддржувајќи го развојот на технологиите и иновациите, Универзитетот ја донесе Декларацијата за употреба на алатките за генеративна вештачка интелигенција, истовремено залагајќи се за почитување на институционалните, авторските и личните податоци, како и академската етика и интегритет.
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 9, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
ukim@ukim.edu.mk
3293-293 (централа)