Оворен повик на Фондацијата „Атанас Близнакоф“
|
Отворен е повик за доделување 40 стипендии од Фондацијата „Атанас Близнакоф“ од САД за редовни студенти запишани на прв циклус студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2024/2025 година.
Повеќе информации на следниот линк.
|
Повици за студиски престои
|
Амбасадата на САД ги поканува студентите да аплицираат за два летни студиски престои во 2024 година, на Американските институти (SUSIs) за студентски лидери од Европа на следниве теми: еколошки прашања, и новинарство и медиуми. Петнеделните институти привремено ќе се одржат од 25 јуни до 31 јули 2024 година, зависно од расположивите средства. Апликациите треба да се испратат најдоцна до 20 декември на: taneskab@state.gov.
Програмата е соодветна за студентите од 1-3 година кои се заинтересирани за Програмата за еколошки прашања, чиј домаќин е Универзитетот Шипенсбург во Шипенсбург, Пенсилванија и Програма за новинарство и медиуми, чиј домаќин е Државниот универзитет во Аризона во Темпе, Аризона. Краен рок за аплицирање е 20 декември. Од учесниците се очекува да бидат високо мотивирани од прва до трета година додипломски студенти од колеџи, универзитети и други високообразовни институции, кои покажуваат лидерски способности во рамки на студиите, инволвираност во заедницата и воннаставни активности. Студиските програми на кои се запишани може да се од следниве области науки, општествени науки, хуманистички науки, образование, бизнис и други професионални области. Дополнителни информации и формуларот за апликација може да се најде на овој линк:
|
Стипендии од Фондацијата „Константин Стојанов“
|
Бр. 08-877/4
26.9.2023 година Скопје Врз основа на членовите 14 и 15 од Статутот на Фондацијата „Константин Стојанов“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, бр. 08-348 од 21.4.2011 година, Одборот на Фондацијата распишува за доделување стипендии од Фондацијата „Константин Стојанов“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Фондацијата „Константин Стојанов“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје доделува стипендии за студенти:
I. Право да конкурираат имаат сите запишани студенти:
II. Висината на стипендијата изнесува 12.000,00 денари месечно. III. Правата и обврските на корисниците на стипендијата ќе се утврдат со договор. IV. Потребни документи:
V. Пријавите, со потребната документација, се поднесуваат во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Конкурсот на веб-страниците на УКИМ и на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.
Документите се поднесуваат електронски на следнава е-адреса: n.p.kostovska@ukim.edu.mk Фондација „Константин Стојанов“ при
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје |
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 9, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
ukim@ukim.edu.mk
3293-293 (централа)