Отворена наука на УКИМ | Researcher ID сервиси

Researcher ID е систем за идентификација на авторите истражувачи, кој има за цел да понуди дигитален идентитет на секој истражувач и да изгради поблиски врски меѓу истражувачите ширум светот. Воведен е во 2008 година од Thomson Reuters, во тоа време носител на највлијателната светска библиографска индексациска база на податоци за научни истражувања, Web of Science. Researcher ID им помaга на истражувачите да создадат сопствени сеопфатни профили, кои содржат податоци за областите на истражување, публикации и врски со други истражувачи во истото истражувачко поле.

Во продолжение се наведени ResearcherID идентификациските сервиси, кои денес им се на располагање на истражувачите.

Во согласност со заложбите за подобрување на видливоста во меѓународниот високообразовен и научноистражувачки простор, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје донесе Правила за видливост на УКИМ, кои содржат препораки и обврски за научноистражувачкиот кадар на УКИМ, да креираат профили на следните ResearcherID идентификациските сервиси:

  • ORCID, Google Scholar, ResearchGate.