ЦЕЛИ НА УСС-УКИМ
Целта на УСС-УКИМ е да ги штити правата на студентите, да се грижи за квалитетот на животот на студентите, процесот на студирање и студентскиот стандард. Се бори за остварување на студентските права и интереси, придонесува за развиток на студентската културна, социјална и интелектуална надоградба, како и стимулирање на студентски активности.
- Универзитетското студентско собрание ги штити интересите на студентите, учествува преку свои претставници во одлучувањето во органите и телата на Универзитетот и ги претставува студентите во рамки на високото образование, како членови на академската заедница.
- Универзитетското студентско собрание има надлежност да избира студентски претставници во Универзитетскиот сенат и другите органи и тела на Универзитетот, каде што студентите, професорите и другите членови на академската заедница, заедно и рамноправно носат одлуки.
- Универзитетското собрание го предлага и студентскиот правобранител пред Универзитетскиот сенат а и се грижи за квалитетот на студентот и квалитетот на процесот на студирање, студентскиот стандард, остварување на студентските права и интереси и за студентската културна, социјална и интелектуална надоградба.
- Универзитетското студенско собрание може и да им предложи на органите на управување, како што се ректоратот, деканската управа и слично, финансирање на студентски активности. Исто така, собранието и поттикнува студентски активности и надвор од наставниот процес.
|