Странски студенти | Кратки студиски програми за изучување јазик

Универзитетот организира настава за изучување на јазикот на кој се држи наставата на избраната студиска програма, паралелно со редовната настава.
  1. За кандидатите странски државјани Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје организира едногодишна кратка стручна студиска програма: Македонски јазик за странци, во рамките на првиот циклус студии, во траење од два семестра. Линк: Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје    
 
  1. За кандидатите на странски државјани запишани во англиските  студиски програми Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје организира едногодишна  кратка стручна студиска програма: Англиски јазик за странски студенти, во рамките на првиот циклус студии, во траење од два семестра. Линк: Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје    
Наставата се организира во зимскиот и во летниот семестар и ќе започне на 1.10.2025 година.
Во текот на наставата се врши континуирана проверка на знаењето на кандидатите – слушатели.
    
По успешно завршување на наставата и стекнувањето на 60ЕКТС, студентите добиваат сертификат за завршена кратка стручна студиска програма издаден од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.
 
Кандидатите можат да се пријават од 9 до 22.9.2025 година на Одделението за студентски прашања на Филолошкиот факултет. 
 
Потребни документи за пријавување: 
  1. Пријава за запишување (образец А1 од книжарницата на Факултетот)
  2. Диплома за завршено средно образование (копија од оригинал и копија од превод)
  3. Извод од матична книга на родените (копија од оригинал и копија од превод)
  4. Доказ за државјанство (копија од оригинал и копија од превод)
  5. Индекс и студентска легитимација
  6. Три фотографии (две 3.5 х 4.5 см и една 2х3 см )
  7. Пријавни листови (за упис на семестар и статистички лист од книжарницата на Факултетот)
  8. Потврда за уплата на 25.000 денари за семестар на сметка на УКИМ, – жиро сметка 100000000063095 – депонент: НБРСМ со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18 – приходна шифра 723012, – програма 41
  9. Договор за студирање на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ (се подига на Факултет на денот на уписот)