Стипендии | Фондација Константин Стојанов

 

Бр. 08-1184/2-2
7.10.2025 година
Скопје
Врз основа на членовите 14 и 15 од Статутот на Фондацијата „Константин Стојанов“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, бр. 08-348 од 21.4.2011 година, Одборот на Фондацијата распишува

КОНКУРС

за доделување стипендии на студенти запишани на прв циклус студии во академската 2025/2026 година од Фондацијата „Константин Стојанов“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Фондацијата „Константин Стојанов“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје доделува стипендии на студенти запишани на прв циклус студии во академската 2025/2026 година, на студиските програми по француски јазик и книжевност на Катедрата за романски јазици и книжевности и на Катедрата за преведување и толкување (со француски јазик како прв/втор јазик) на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

      I. Право да конкурираат имаат сите запишани студенти:

  • На прв циклус студии, на студиските програми Наука за јазик – Романистика (француски јазик) и Наука за книжевност и културолошки студии – Романистика (француска книжевност), со исполнување на следните услови:
  1. Да се државјани на Република Северна Македонија и да не се корисници на некаква стипендија;
  2. Кандидатите да имаат статус на редовни студенти и да се невработени (предност ќе имаат кандидати со ограничени материјални можности);
  3. Најнизок просечен успех за сите пријавени кандидати – 8,00;
  4. Предност ќе имаат канидатите кои се на студиските програми по Француски јазик;
  5. За студентите од Катедрата за преведување и толкување (прва и втора година), предност ќе имаат оние кај кои Францускиот јазик е прв јазик, а кај оние кај кои Францускиот јазик е втор, евентуална селекција ќе се изврши со тоа што ќе се земе предвид просекот од предметите по Француски јазик;
  6. За студентите од трета и четврта година на Катедрата за преведување и толкување, услов е да ги следат предметите (задолжителни и изборни) кои се на Француски јазик, од прва до четврта година (современ француски јазик, преведување, толкување, културолошки проучувања 1, 2, 3, 4 итн);
  7. Понатамошен услов за продолжување со стипендијата од Фондацијата за сите студенти е да ги имаат положено сите испити во предвидените рокови.

    II. Висината на стипендијата изнесува 12.000,00 денари месечно.

    III. Правата и обврските на корисниците на стипендијата ќе се утврдат со договор.

    IV. Пријавите, со потребната документација, се поднесуваат во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Конкурсот на веб-страниците на УКИМ и на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.
    Документите се поднесуваат електронски на следнава е-адреса: n.p.kostovska@ukim.edu.mk

 

Фондација „Константин Стојанов“ при

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

 

Бр. 08-865/3
30.5.2025 година
Скопје
Врз основа на членовите 14 и 15 од Статутот на Фондацијата „Константин Стојанов“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, бр. 08-348 од 21.4.2011 година, Одборот на Фондацијата распишува

КОНКУРС

за доделување стипендии на студенти на втор и на трет циклус студии
од Фондацијата „Константин Стојанов“
при 
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

 

Фондацијата „Константин Стојанов“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје доделува стипендии за студенти:

  1. на втор циклус студии, на студиските програми Наука за јазик – Романистика (француски јазик) и Наука за книжевност и културолошки студии – Романистика (француска книжевност);
  2. на трет циклус студии, на студиските програми Наука за јазик – Романистика (француски јазик) и Наука за книжевност и културолошки студии – Романистика (француска книжевност).

I. Право да конкурираат имаат сите запишани студенти:

  1. на втор циклус студии, на студиските програми Наука за јазик – Романистика (француски јазик) и Наука за книжевност и културолошки студии – Романистика (француска книжевност);
  2. на трет циклус студии, на студиските програми Наука за јазик – Романистика (француски јазик) и Наука за книжевност и културолошки студии – Романистика (француска книжевност).

II. Висината на стипендијата изнесува 12.000,00 денари месечно.

III. Правата и обврските на корисниците на стипендијата ќе се утврдат со договор.

IV. Потребни документи:

  • пријава од кандидатот со назнака дека се работи за Конкурс за доделување стипендии од Фондацијата „Константин Стојанов“;
  • биографија (CV).

V. Услови за пријавување на Конкурсот за студентите од втор и трет циклус студии се:

  • да имаат статус на редовен студент;
  • да не се корисници на стипендија од други установи, институции или компании.

VI. Пријавите, со потребната документација, се поднесуваат во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Конкурсот на веб-страниците на УКИМ и на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

Документите се поднесуваат електронски на следнава е-адреса: n.p.kostovska@ukim.edu.mk

 

Фондација „Константин Стојанов“ при

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје