![]() УКИМ нуди и интердисциплинарни и мултидисциплинарни студиски програми на сите три циклуси студии, развивани во соработка помеѓу единиците на УКИМ и со други универзитети од странство. |
На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, активни се 359 студиски програми на прв циклус, акредитирани од Одборот за акредитација, со спроведување на евалуациски механизми, според препораките на Одборот за евалуација и Агенцијата за квалитет во високото образование на РСМ. Студиите од прв циклус се организирни како академски студии, од три или четири години, при што студентите се стекнуваат со 180 или 240 ЕКТС. |
Во продолжение е даден преглед на студиските програми на прв циклус студии на УКИМ, презентирани по факултети, со пристап до акредитираните елаборати и предметните структури. |