Уписи | Прв циклус

Листа на екстерни предмети и интерни предмети од државната матура соодветни за пријавување за запишување на студиските програми на  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за кандидатите што полагале државна матура во учебните 2020/2021 -2024/2025

 

Документи за пријавување и запишување

Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.

Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.
Пријавувањето се врши во службата за студентски прашања на избраниот факултет.

При пријавувањето за запишување на факултетите кандидатите ги поднесуваат следниве документи:
1. пријава за запишување;
2. електронска пријава (генерирана од iKnow-системот);
3. оригинални свидетелства од сите класови;
4. документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование);
5. извод од матичната книга на родените; (оригинал)
6. доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение) (оригинал);
7. потврда за уплатa:
– Административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје; Банка на
примачот: НБРСМ; Тансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Конто 722313 00);
– 300 денари на жиро-сметката на факултетот, за студиски програми за кои не се врши проверка на знаењата и умеењата;
– 500 денари на жиро-сметката на факултетот, за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по еден предмет.

– 1000 денари на жиро-сметката на факултетот, за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по повеќе предметина Факултетот за музичка уметност и Факултетот за ликовни уметности, односно 1500 денари на Факултетот за драмски уметности.

Кандидатите кои конкурираат за запишување како вонредни студенти ги прикачуваат, освен горенаведените, и документите наведени во глава VI, точка 3.

При запишувањето, примените кандидати поднесуваат:
1. индекс, студентска легитимација и пријавни листови;
2. три фотографии (две фотографии со димензии 3,5х4,5 и една со димензии 2х3);
3. потврда за уплатени 750 денари за информативни, културни, спортски, студентски сервиси и други активности на Универзитетот
„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со назнака ИКСА на УКИМ, _______ (да се наведе факултетот – носител на студиската програма), на жиро-сметката 100000000063095 депонент: НБРСМ, со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18 приходна шифра 723012, програма 41.

Надоместокот од претходниот став на оваа точка го поднесуваат сите примени кандидати, во сите категории студенти (вклучително и студентите ослободени од плаќање партиципација и кофинансирање, по разни основи). Овој надоместок студентите го поднесуваат секоја учебна година, при запишување на зимскиот семестар.