Светскиот ден на уметноста
Имено, годинава го одбележуваме Светскиот ден на уметноста (15 Април) со целомесечни активности во соработка Факултетот за ликовни уметности, Факултетот за музички уметнисти, Факултет за драмски уметности, Филолошки факултет „Блаже Конески“, Академска сцена, Студентското собрание на УКИМ и Europe House. Со повеќе од 14 настани на повеќе локации ќе може да се видат, изложби, инсталации, концерти, претстави и голем број на интердисциплинарни предавања. На 23.04.2024 (вторник) предавање ќе одржи Н.Е. Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на ЕУ, како и Н.Е. Хозе Луис Лозано Гарсија, амбасадор на Кралството Шпанија, и тоа: 23/04 18:00ч Прослава на Светскиот ден на книгата и на авторското право Предавање за Шекспир на Н.Е. Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на ЕУ (Aула ФлФ) 23/04 19:00ч Предавање за Сервантес на Н.Е. Хозе Луис Лозано Гарсија, амбасадор на Кралството Шпанија (Aула ФлФ)
|