Почетна | Новости | 30.08.2024


Тимот Formula STUDENT на студентите од УКИМ на натпреварот Formula Student Alpe Adria

Тимот Formula STUDENT на студентите од УКИМ учествуваше на натпреварот Formula Student Alpe Adria на патеката Bugatti Rimac во Хрватска

Formula Student Alpe Adria се одржа во Велика Горица, Хрватска, од 20 до 25 август на реномираната тест патека за трака на Bugatti Rimac. На натпреварот учествуваа над 50 тимови со над 1000 студенти, од најпрестижните универзитети ширум Европа. Натпреварот се организира во две главни категории: автомобили со мотор со внатрешно согорување и електрични автомобили, кои беа оценувани според различни критериуми.

Тимот MES Racing, кој брои 20 студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје УКИМ (Машински Факултет, Факултет за електротехника и информациски технологии и Економски факултет) се натпреваруваше во Концепт класа и беше истакнат како најмлад надежен тим, меѓу оние кои за прв пат учествуваат на ваков настан. Тимот исто така доби пофалби за реализација на болидот во возна состојба за краток временски период (6 месеци), кој успешно ги помина оценувањата за шасија и електроника, како солидни и истите се одобрени да се користат на идни натпреварувања без промени. Судиите посочија дека следен правец на развој е аеродинамички пакет на болидот, ергономија и подетален бизнис план, кои се таргет на тимот за следната година.

Најголем дел од тимовите од универзитетите ширум Европа, учесници на натпреварот, учествуваат повеќе од 10 години на овие натпреварувања и континуирано го развиваат својот болид. Како дебитанти, членовите на тимот на УКИМ, беа восхитени од искуствата кои студентите од другите тимови ги споделија со нив, размислувајќи како нивните совети да ги имплементираат на возилото во наредните години. Овој натпревар обезбеди уникатно практично искуство за студентите од УКИМ, со цел наредната година да се натпреваруваат со конкурентен болид на најдобрите тимови од Европа.

Извонредната борбеност, храброст и истрајност на студентите од УКИМ, беа забележани не само од конкурентите, туку и од организаторите и судиите на овој настан. Повеќе на следниот линк.

Честитки за студентите на УКИМ, членови на тимот MES Racing!

 

The Formula STUDENT team of UKIM students participated in the Formula Student Alpe Adria competition at the Bugatti Rimac track in Croatia

Formula Student Alpe Adria took place in Velika Gorica, Croatia, from August 20 to 25, 2024 on the renowned Bugatti Rimac test track. Over 50 teams with over 1000 students from the most prestigious universities across Europe participated in the competition. The competition is organized into two main categories: cars with an internal combustion engine and electric cars, which were judged according to different criteria.

The MES Racing team, which consists of 20 students from Ss. Cyril and Methodius University in Skopje (Faculty of Mechanical Engineering, Faculty of Electrical Engineering and Information Technologies and Faculty of Economics) competed in the Concept class and was distinguished as the youngest promising team among those participating for the first time in such an event. The team was also praised for delivering a roadworthy car in a short period of time (6 months), which successfully passed the chassis and electronics evaluations, as solid and approved to be used in future competitions without changes. The judges indicated that the next direction of development is the car’s aerodynamic package, ergonomics and a more detailed business plan, which are the team’s target for next year.

Most of the teams from universities all over Europe, participating in the competition, have been participating in these competitions for more than 10 years and are continuously developing their cars. As rookies, UKIM team members were amazed by the experiences that students from other teams shared with them, thinking about how to implement their advice on the vehicle in the coming years. This competition provided a unique practical experience for UKIM students, with the aim of competing next year with a competitive car of the best teams from Europe.

The extraordinary combativeness, courage and perseverance of UKIM students were noted not only by the competitors, but also by the organizers and judges of this event. More at the following link.

Congratulations to UKIM students, members of the MES Racing team!