Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (во понатамошниот текст: Универзитетот), како контролор на личните податоци, при обработката на личните податоци постапува согласно со Законот за заштита на личните податоци, Законот за високото образование и другите применливи прописи.
- Контролор и категории на лични податоци
Универзитетот во рамките на својот делокруг на работење, а со цел извршување на својата основна дејност во доменот на образованието и науката, може да обработува лични податоци неопходни за извршување на своите законски надлежности и активности, вклучително идентификациски и контакт податоци, податоци поврзани со образованието и студирањето, работниот однос, научната и наставната дејност, како и други податоци чија обработка е предвидена со закон или е неопходна за конкретната цел на обработката.
- Цели и правен основ за обработката
Личните податоци се обработуваат за конкретни, јасни и законски утврдени цели и во обем неопходен за исполнување на тие цели.
Согласно со одредбите на Законот за високото образование, Универзитетот врши обработка на лични податоци и води евиденции со лични податоци за студентите, вклучително евиденција на пријавени за упис и запишани студенти; личен картон кој се води за секој студент од започнување на студиите до завршување на студиите односно до отпишувањето; записник за испитот со кој се евидентира пријавата кон испитот, текот на испитот и постигнатата оценка и евиденција на издадени исправи за завршени студии.
Евиденциите содржат лични податоци утврдени со Законот за високото образование, а водењето, употребата и чувањето на личните податоци од овие евиденции, како и документацијата врз основа на која биле собрани личните податоци, се врши согласно со закон.
- Корисници или категории на корисници
Личните податоци може да бидат достапни на овластени лица во универзитетот и неговите единици, како и на други физички или правни лица и надлежни органи, кога нивното откривање е предвидено со закон или е неопходно за исполнување на конкретна законска или договорна обврска.
- Рок на чување
Личните податоци се чуваат во рок утврден со закон, подзаконски акт, правила за архивско и канцелариско работење или друг применлив пропис, односно за временски период кој е потребен за исполнување на целта за која се обработуваат.
- Пренос на лични податоци
Кога е применливо, личните податоци може да бидат пренесени во трета земја или до меѓународна организација само доколку се исполнети условите утврдени со Законот за заштита на личните податоци.
- Права на субјектите на лични податоци
Субјектите на лични податоци ги имаат правата утврдени со Законот за заштита на личните податоци, вклучително право на информирање, пристап до личните податоци, исправка, бришење, ограничување на обработката, преносливост на податоците и право на приговор, кога се исполнети законските услови.
Субјектот има и право да не биде предмет на одлука заснована единствено на автоматизирана обработка, вклучително и профилирање, во случаите предвидени со закон.
Образец за барање на пристап/исправка/бришење на лични податоци
- Безбедност на личните податоци
Универзитетот применува соодветни технички и организациски мерки за обезбедување на соодветно ниво на безбедност на личните податоци, согласно со природата и ризиците поврзани со обработката.
- Право на поднесување барање до Агенцијата за заштита на личните податоци
Доколку субјектот на лични податоци смета дека обработката на неговите лични податоци не е во согласност со Законот за заштита на личните податоци, има право да поднесе барање до Агенцијата за заштита на личните податоци, како надлежен надзорен орган.
За прашања поврзани со обработката и заштитата на личните податоци и за остварување на правата на субјектите на лични податоци, субјектите може да се обратат до е–поштата: n.p.kostovska@ukim.edu.mk
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 9, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
ukim@ukim.edu.mk
3293-293 (централа)