Во аналите на историскиот развој на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во јануари 1976 година Универзитетот го издаде првиот број на Универзитетски весник. Првото универзитетско гласило под наслов „Зошто излегуваме?“ го претстави тогашниот ректор на Универзитетот, акад. Димитар Митрев.
Првиот број на Универзитетски весник излезе во годината во која Универзитетот одбележуваше 30-годишно високо образование во Македонија и 27-годишна успешна работа на Универзитетот.
Може слободно да се каже дека Универзитетски весник претставува дневник на остварувањето на мисијата на Универзитетот и продолжување на замислата на тогашниот ректор Димитар Митрев: „…со ова гласило да се пополни празнината за информации од дејноста на високошколските установи“.
На оваа страна може да се преземат електронските верзии на последните броеви на Универзитетскиот весник.
|