Уписи | Втор циклус

Конкурс

К О Н К У Р С за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2024/2025 година

 

Документи за пријавување и запишување

Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.

Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.

Пријавувањето се врши во службата за студентски прашања на избраниот факултет.

При пријавувањето за запишување на факултетите кандидатите ги поднесуваат следниве документи:
– пријавен лист за запишување;
– електронска пријава (од www.upisi.ukim.mk);
– оригинален документ за завршен прв циклус студии (диплома или уверение), а за кандидатите кои завршиле во
странство – Решение за нострификација на документите за завршено образование, издадено од Министерството за образование и
наука на Република Северна Македонија
– куса биографија (CV);
– потврда за активно познавање странски јазик;
– потврда за уплатена административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50: Назив на примачот:
Трезорска сметка-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Тансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-
ХХХ-03161; Конто 722313 00);
– 1000 денари на жиро-сметката на на Факултетот за драмски уметности за студиските програми за кои се врши
проверка на знаењата и умеењата;
– препораки од наставни или научни работници (доколку има такви);
– список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат);
– документи за евентуални награди, признанија и други документи.
Кандидатите задолжително ќе добијат автоматска потврда дека електронската пошта е примена и дека пријавата е уредно поднесена.
Единиците на своите огласни табли ќе ги објават роковите во кои кандидатите ќе треба да ги поденесат оригиналните
документи за пријавување и за запишување.

При запишувањето, примените кандидати поднесуваат:
– индекс и пријавни листови
– две фотографии (3,5х4,5)

 

Рокови за пријавување и запишување

Прв рок Втор рок
Пријавување на кандидатите 1 до 11.10.2024 3 до 14.2.2025
Запишување на кандидатите 18 и 21.10.2024 20. до 21.2.2025