Уписи | Втор циклус

Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2025/2026 година

 

Документи за пријавување и запишување

Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.

Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.

Пријавувањето се врши во службата за студентски прашања на избраниот факултет.

При пријавувањето за запишување на факултетите кандидатите ги поднесуваат следниве документи:

  • пријавен лист за запишување;
  • електронска пријава (од www.upisi.ukim.mk);
  • оригинален документ за завршен прв циклус студии (диплома или уверение), а за кандидатите кои завршиле во странство – Решение за нострификација на документите за завршено образование, издадено од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија;
  • куса биографија (CV);
  • потврда за активно познавање странски јазик;
  • потврда за уплатена административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје, Банка на примачот: НБРСМ, Тансакциска сметка 100-0000000-630-95, Уплатна сметка 840-ХХХ-03161, Конто 722313 00);
  • 1000 денари на жиро-сметката на на Факултетот за драмски уметности за студиските програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата;
  • препораки од наставни или научни работници (доколку има такви);
  • список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат);
  • документи за евентуални награди, признанија и други документи.

Кандидатите задолжително ќе добијат автоматска потврда дека електронската пошта е примена и дека пријавата е уредно поднесена.
Единиците на своите огласни табли ќе ги објават роковите во кои кандидатите ќе треба да ги поденесат оригиналните
документи за пријавување и за запишување.

При запишувањето, примените кандидати поднесуваат:

  • индекс и пријавни листови
  • две фотографии (3,5х4,5)

 

Рокови за пријавување и запишување

Прв рок Втор рок
Пријавување на кандидатите 1 до 15.10.2025 2 до 13.2.2026
Запишување на кандидатите 20 и 21.10.2025 18 до 19.2.2026