ФМУ–Скопје со учество на меѓународниот универзитетски хорски фестивал во Познањ
Нашиот женски хор, дел од мешаниот хор “Драган Шуплевски” заедно со маестро проф. м-р Сашо Татарчевски, замина на пат за Полска, каде на 14ти мај ќе настапи на интернационалниот фестивал на универзитетски хорови “Universitas Cantat” во Познањ.
Нашето учество на овој голем настан е поддржано од Министерство за култура / Ministria e Kulturës и Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а е под покровителство на Претседателката на државата, проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова, по повод 60 години Факултет за музичка уметност – Скопје.


Бул. „Гоце Делчев“ бр. 9, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
ukim@ukim.edu.mk
3293-293 (централа)