Почетна | Новости | 18.05.2026


Семинар по флејта со проф. Дејан Гавриќ

Во периодот од 14 до 16 мај, на ФМУ ќе се одржи семинар по флејта со проф. Дејан Гавриќ.

Дејан Гавриќ е роден во Белград во 1966 година.
Од 1984 до 1988 студирал на Факултетот за музичка уметност во Белград. Со добиена стипендија за продолжување на образованието на Folkwang Hochschule во Есен, студирал во класата на професорот Матијас Рутерс.

𝄞Дипломирал на Folkwang Hochschule со одличен успех во февруари 1991 година. Како студент ја освоил Првата награда на натпреварот Folkwang-Hochschule, како и престижната Folkwang награда за неговите уметнички достигнувања.

Во 1993 година, по завршувањето на постдипломските студии со одличен успех на истата институција, станал професор на Folkwang Hochschule.
Од 2002 година Дејан Гавриќ е вработен како редовен професор по флејта на Hochschule für Musik Rheinland-Pfalz.