Почетна | Новости | 18.05.2026


ФМУ–Скопје со учество на меѓународниот универзитетски хорски фестивал во Познањ

Нашиот женски хор, дел од мешаниот хор “Драган Шуплевски” заедно со маестро проф. м-р Сашо Татарчевски, замина на пат за Полска, каде на 14ти мај ќе настапи на интернационалниот фестивал на универзитетски хорови “Universitas Cantat” во Познањ.

Нашето учество на овој голем настан е поддржано од Министерство за култура / Ministria e Kulturës и Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а е под покровителство на Претседателката на државата, проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова, по повод 60 години Факултет за музичка уметност – Скопје.