Структура | Стручен совет на докторски студии

 

  • Проф. д-р Соња Топузовска, проректор за настава, претседател (по функција)
  • Проф. д-р Валентина Гечевска, проректор за наука, потпретседател (по функција)
  • Проф. д-р Валентин Мирчески, Природно-математички факултет – Скопје, од природно-математичките науки
  • Проф. д-р Елена Думова, Градежен факултет – Скопје, од техничко-технолошките науки
  • Проф. д-р Раде Русевски, Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје, од земјоделски и ветеринарни науки
  • Проф. д-р Бети Зафирова, Медицински факултет – Скопје, од медицинските науки и здравство
  • Проф. д-р Тони Милески, Филозофски факултет – Скопје, од општествените науки
  • Проф. д-р Александра Саржоска, Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје, од хуманистичките науки
  • Проф. д-р Трена Јорданоска, Факултет за музичка уметност – Скопје, од хуманистичките науки
  • Проф. д-р Климентина Попоска, Економски институт – Скопје, од научните институти
  • Проф. д-р Наташа Аврамовска, ЈНУ Институт за македонска литература – Скопје, од јавните научни установи, придружни членки на Универзитетот.

 

Докторските студии се координираат од Универзитетскиот стручен совет за докторски студии (во натамошниот текст: Стручен совет за докторски студии).

Стручниот совет за докторски студии ги координира докторските студии. Во рамките на коордирањето:
− до Ректорската управа и Универзитетскиот сенат дава мислење за студиски програми за докторски студии предложени од единиците и придружните членки на Универзитетот, кои вршат високообразовна дејност за докторски студии;
− се грижи за обезбедувањето квалитет на докторските студии;
− се грижи за поврзувањето на постојните и поттикнувањето на нови докторски студии, посебно за акредитирање студиски програми на англиски јазик;
−изготвува соодветни анализи и до ректорот доставува предлози за унапредување на квалитетот во реализација на студиските програми за докторски студии;
− дава согласност на актот за организирање заеднички студиски програми на единиците и со други универзитети;
− ги утврдува стандардите за изготвување докторски труд и авторезиме на докторскиот труд;
− се грижи за квалитетот на докторските е студии;
− врши и други работи утврдени со овој Правилник и работи што ќе му бидат доверени од Универзитетскиот сенат и од ректорот на Универзитетот.

Стручните, административните и техничките работи за потребите на Стручниот совет за докторски студии се вршат од страна на Стручната и административна служба на Универзитетот.