Издавачката дејност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е присутна од почетокот на неговото постоење и опфаќа академско издаваштво и научно издаваштво, преку што се интегрираат публицистичките активности на единиците на Универзитетот.
Денес, издавачката дејност е насочена кон електронски изданија, со што се гради дигитална библиотека на академското издаваштво со електронски учебни помагала и дигитализирана научна публицистичка дејност, преку дигитализација на научните изданија.
Академско електронското издаваштво
Академското електронско издаваштво, на годишно ниво публикува по околу 40 учебни помагала подготвени од факултетите и институтите на Универзитетот, а до сега се публикувани повеќе од 300 изданија. Реализацијата се спроведува преку уредена постапка на јавен Конкурс на УКИМ. Пристап до дигиталната библиотека на академското издаваштво на УКИМ, на следниот линк. |
Научно издаваштво
Научното издаваштво на УКИМ е поврзано со научноистражувачката дејност на 23-те факултети, 5-те научни институти, 4-те научни институти јавни установи и 1 факултет придружна членка, што овозможува да се покријат сите научни подрачја и на тој начин да се развие разновидна и висококвалитетна научна издавачка програма.
Годишно се публикуваат 48 меѓународни научни списанија со повеќе од 200 трудови, од кои околу половина се поставени на дигитална платформа (e-journals.ukim.mk), базирани на уредувачки политики кои го следат дијамантскиот модел со отворен пристап, а останатите се во печатени верзии. УКИМ се залага сите научни списанија да бидат дигитализирани и со отворен пристап, што ќе даде важен придонес за видливоста на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, како клучна академска институција во државата. Пристап до информации за научното издаваштво на УКИМ, на следниот линк. |