Почетна | Новости | 05.10.2024


Проф. д-р Биљана Ангелова, актуелна ректорка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е новата претседателка на Интеруниверзитетската конференција на Република Северна Македонија

Новата претседателка ќе биде на чело на ова тело во наредните 2 (две) години почнувајќи од 1.10.2024 година.

Одлуката за избор на претседател беше едногласно донесена од страна на членовите на Интеруниверзитетската конференција.

Изборот на нов претседател на Интеруниверзитетската конференција се спроведе поради изминување на мандатот на досегашниот претседател академик, проф. д-р Абдулменаф Беџети, ректор на ЈИЕ Универзитет во Тетово.

Пред Интеруниверзитетска конференција на чело со новата претседателка стојат многу предизвици во високото образование.

Интеруниверзитетска конференција е форма на соработка и тело преку кое се усогласуваат заедничките интереси на акредитираните државни и приватни високообразовни установи во Република Северна Македонија и во чии рамки се одлучува за прашања од заеднички интерес за сите високообразовни организации во државата.