Конгресниот центар на УКИМ во Охрид е лоциран на една од најатрактивните локации на крајбрежјето на Охридското Езеро, во близина на населбата Лагадин. Конгресниот центар располага со капацитети за работа и престој на своите корисници, пред сè, на факултетите и институтите – членки на Универзитетот.
Отворен е и за потребите и на други заинтересирани сродни институции, владини и невладини организации и други институции од земјата и странство. Конгресниот центар располага со прекрасен парк со површина од 30.000 м2, сопствен паркинг-простор и сопствена плажа како и сета потребна инфраструктура која покрај успешната работа едновремено овозможува комфор, релаксација и одмор.
|