Четири награди за филмот „17“ на 32. Сараевски филмски фестивал!
Студентката на ФДУ – УКИМ Ева Костиќ го освои „Срцето на Сараево“ за најдобра актерка за својата прва филмска улога.
Филмот „17“, во режија на Косара Митиќ, ги освои и Специјалната награда за промовирање на родовата еднаквост, наградата од публиката UniCredit и наградата на европскиот филмски портал Cineuropa.
Ева Костиќ е актуелна студентка на ФДУ – УКИМ, во класата на проф. м-р Ангелчо Илиевски. Режисерката Косара Митиќ, актерката Мартина Даниловска, продуцентот Томи Салковски, кинематограферот Наум Доксевски и монтажерот проф. м-р Владимир Павловски, декан на ФДУ, се алумни на ФДУ – УКИМ.
Во филмот играат и алумните Жаклина Стефковска, Ана Стојановска, Оливер Митковски и Сашко Коцев, а во неговата реализација биле вклучени и голем број актуелни студенти на Факултетот, како актери и асистенти.
Во помала улога се појавува и Петар Маниќ од Скопје, кој студира на ФДУ во Белград.
Светската премиера на „17“ се одржа на Berlinale, во натпреварувачката програма Perspectives, а македонската премиера е најавена за отворањето на Скопскиот филмски фестивал, на почетокот на ноември.
Честитки до целата екипа! 👏
📷 32nd Sarajevo Film Festival, 2026 (C) Obala Art Centar


Бул. „Гоце Делчев“ бр. 9, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
ukim@ukim.edu.mk
3293-293 (централа)