Свечено е отворена 59. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ

✨Денес ректорката на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” проф. д-р Биљана Ангелова, со поздравно обраќање ја прогласи за отворена 59. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, која ќе одржи од 19 август до 2 септември во Конгресниот центар во Охрид.
На Свеченото отворање со поздравни обраќања се обратија и директорката на Меѓународниот семинар при УКИМ и министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска.
Ректорката Биљана Ангелова ги додели и наградите за македонистика – наградата „Воздејства“ за проф. д-р Кристина Крамер од Канада и благодарници „Синергии“ на министерката проф. д-р Весна Јаневска и Државна лотарија на СР Македонија.
Потоа беа промовирани најновите четири зборници од преведувачката работилница и Зборник- Предавања од 52. Меѓународна научна конференција.
На оваа летна школа учествуваат 60 странски македонисти од 17 земји, а на 53. Меѓународната научна конференција, ќе учествуваат 75 научни истражувачи од земјава и од странство. ✨

















Бул. „Гоце Делчев“ бр. 9, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
ukim@ukim.edu.mk
3293-293 (централа)