Демант на изјавата на министерот за здравство, Азир Алиу, во врска со студиските програми на Медицинскиот факултет
Почитувани,
По повод објавената информација во повеќе медиуми за изјавата дадена од страна на министерот за здравство Азир Алиу на прес конференција, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ја информира јавноста дека Универзитетскиот сенат, на 30. седница, одржана на 30.4.2026 година ги усвои елаборатите за студиски програми на Медицинскиот факултет и тоа: Елаборатот за студиската програма од прв циклус, тригодишни стручни студии за парамедици, Елаборатот за студиската програма од втор циклус, едногодишни стручни специјалистички студии за парамедици – специјалисти за итна медицинска помош и Елаборатот за студиската програма од втор циклус, едногодишни стручни специјалистички студии за медицинска сестра во ортопедија. Усвоените студиски програми се доставени до надлежните државни органи за натамошна постапка согласно со Законот за високото образование.
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Бул. „Гоце Делчев“ бр. 9, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
ukim@ukim.edu.mk
3293-293 (централа)