Почетна | Новости | 05.12.2024


Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје беше домаќин на презентацијата на Економскиот извештај за Европа и Централна Азија – есен 2024

Во просториите на Ректоратот, беше одржан настан на кој воведно се обратија ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова и Масимилиано Паолучи, директор на Канцеларијата на Светска банка за Северна Македонија и Косово.

🗣️ Паолучи истакна дека Северна Македонија треба да го зголеми фокусот на инвестициите во образованието и спроведувањето на ефикасни политики за подобрување на образовниот систем. „Национални програми за обука на наставници и ажурирање на формулите за финансирање се клучни чекори за подобрување на квалитетот на образованието“, изјави тој.

📊 Извештајот го презентираа Иваило Изворски, главен економист за Европа и Централна Азија, и Иван Торе, виш економист, додека Рафаел Де Хојос Наваро ја претстави Образовната стратегија на Светска банка.

На панел-дискусијата учествуваа:
✅ Н.Е. Весна Јаневска, министерка за образование и наука,
✅ проф. д-р Билјана Ангелова, ректорка на УКИМ,
✅ Никица Мојсоска, извршна директорка на Macedonia2025,
✅ Рафаел Де Хојос Наваро.

Модератор на панелот беше Васко Попетревски.

Настанот заврши со завршни зборови и заклучоци презентирани од ректорката, Биљана Ангелова, министерката за образование и наука, Весна Јаневска и од Михал Рутковски, директор за човечки развој за Европа и Централна Азија.