Промоција на новата индустриска опрема која компанијата ЛТХ Леарница – Охрид ја донираше за трајно користење на лабораторијата за производни технологии и процеси при Машинскиот факултет – Скопје
Се одржа свечена промоција на новата индустриска опрема која компанијата ЛТХ Леарница – Охрид ја донираше за трајно користење на Лабораторијата за производни технологии и процеси при Машинскиот факултет – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Настанот се одржа на 23 април 2025 година, а го отвори Деканот на Машинскиот факултет, проф. д-р Златко Петрески. Своите обраќања ги имаа и проф. д-р Весна Јаневска, министерка за образование и наука, проф. д-р Биљана Ангелова, ректорка на УКИМ, како и г-дин Клемент Турк, директор на ЛТХ Леарница – Охрид.
Оваа соработка претставува значаен чекор кон унапредување на практичната настава и научноистражувачката работа на факултетот, со директна поддршка од стопанството.