Отворен ден на УКИМ

🎓 ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
12 декември 2025 година
👋 Драги матуранти – идни студенти,
📅 Ве покануваме на традиционалниот Отворен ден на УКИМ, кој и оваа година ќе се одржи со физичко присуство во просториите на секој од факултетите, во два термина: од 11:00 до 13:00 часот и од 13:00 до 15:00 часот.
📚 Настанот ќе овозможи директно запознавање со студиските програми, активностите на студентите, работата на центрите за кариера и со сите академски, истражувачки и професионални можности што ги нуди Универзитетот. Ќе можете да разговарате со професорите и студентите, да поставувате прашања за студиските програми, стипендиите, студентскиот живот, практикантството и меѓународната размена.
🏫 Преку посетата ќе се запознаете со просторните капацитети на факултетите, како што се амфитеатрите, лабораториите и другите наставно-научни објекти.
🌟 Студирајте на Универзитетот со најдолга академска традиција во нашата земја. Учете од најдобрите – студирајте на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Blvd. "Goce Delchev" no. 9, 1000 Skopje, Republic of North Macedonia
ukim@ukim.edu.mk
3293-293