Home | Е-Книга


Применето лозарство

Применето лозарство


Детали за книгата

  • Автор: проф. д-р Биљана Коруноска
  • ISBN: 978-9989-43-541-6
  • CIP: 634.8(075.3)
  • DOI:
  • Јазик: Македонски
  • Година: 2026
  • Број на страници: 130
  • Апстракт: "Учебникот „Применето лозарство‟ од авторката Проф. д-р. Биљана Коруноска претставува современ и систематизиран материјал наменет за втор циклус на студии на Студиската програма Енологија при Земјоделски институт – Скопје, но може да најде примена и за прв, втор и трет циклус на студии при Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје и исто така може да послужи и за дополнителна литература кај индивидуалните производители кои се занимаваат со конкретната област.

    Учебникот е поделен на три главни поглавја. Во првото поглавје се обработуваат морфолошките, анатомските и физиолошките особености на виновата лоза, со акцент на изучување на биолошките процеси. Второто поглавје е посветено на методите и техниките за производство на лозов саден материјал, со практични насоки за квалитетна репродукција. Третото поглавје ги опфаќа агробиолошките особини и агротехниката на виновата лоза, со цел обезбедување оптимални услови за применето лозарско производство. Учебникот е структуриран да обезбеди научна основа и применливи знаења, со јасна врска меѓу теоријата и практиката.

    Клучни зборови: лозарство, морфологија, физиологија, саден материјал, агротехника, енологија.
  • Преземи: Преземи PDF
ᐸ Назад кон сите Е-Книги