Заокружен проектот „Зелена хроматографија: Дел 3 – рационална трансформација на RP-HPLC методи – чекор напред кон одржливост во фармацевските анализи“
🎓 Со презентација на резултатите и на стекнатите искуства беше заокружен проектот
„Зелена хроматографија: Дел 3 – рационална трансформација на RP-HPLC методи – чекор напред кон одржливост во фармацевските анализи“,
кој трета година по ред успешно се реализира во рамки на соработката помеѓу Центарот за кариера на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Алкалоид АД Скопје и Фармацевтскиот факултет при УКИМ, јасно отсликувајќи ја улогата на Универзитетот како активен поврзувач помеѓу академската заедница и индустријата.
♻️Во време кога одржливоста е еден од клучните приоритети на современото општество, особено значајно е што овој проект ги насочува студентите кон примена на зелени аналитички принципи, подготвувајќи ги за идни предизвици во фармацевтската индустрија и научноистражувачката работа.
🔬👩🎓👨🎓23 студенти работеа под менторство на професори од Фармацевтскиот факултет и експерти од Алкалоид, поврзувајќи академско знаење со практично искуство и стекнувајќи вештини кои директно одговараат на современите професионални барања.
🌱 Фокусот беше ставен на трансформација на конвенционалните RP-HPLC методи во еколошки подобни, со што се овозможува намалување на потрошувачката на растворувачи и унапредување на одржливоста, без компромис во аналитичките перформанси.
🔁 На овој начин, проектот истовремено обезбедува практична обука за студентите и директна примена на развиените одржливи аналитички методи во фармацевтската индустрија.
🤝 Ваквата соработка овозможува размена на знаење, трансфер на практични искуства и развој на кадар кој е подготвен да одговори на современите барања на пазарот на труд, зајакнувајќи ја улогата на Универзитетот како релевантен и доверлив партнер на индустријата.
🚀 Заедно градиме кадар подготвен за иднината!





Blvd. "Goce Delchev" no. 9, 1000 Skopje, Republic of North Macedonia
ukim@ukim.edu.mk
3293-293