Прв патент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во областа на фармацијата

✨Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје оствари значаен научен исчекор со добивањето на својот прв патент во областа на фармацијата и медицинската
хемија, што претставува важен момент за најстарата и најголема високообразовна институција во државата.
🍀Патентот со наслов „Кумарин-1,2,3-триазол-изатин хибридни молекули и нивна примена“ се однесува на развој на нова генерација хибридни соединенија со
потенцијал за примена во третман на невродегенеративни заболувања, вклучително и Алцхајмерова болест. Соединенијата делуваат како инхибитори на клучни ензими и отвораат нови перспективи за развој на поефикасни терапии.
✅ Овој пронајдок претставува современ научен пристап базиран на мулти-таргет стратегија, што овозможува едно соединение да делува на повеќе биолошки цели
истовремено, концепт што е во фокусот на најновите трендови во развојот на лекови.
🏅Пронајдокот е резултат на истражувачката работа на проф. д-р Ана Поцева Пановска и доц. д-р Александар Димковски од Фармацевтскиот факултет при УКИМ.
✨Овој успех не само што го означува првиот патент на Фармацевтскиот факултет, туку и прв патент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во оваа област, потврдувајќи ја научната зрелост и иновативниот потенцијал на академската заедница.
✅ Со овој значаен чекор, УКИМ се позиционира како активен чинител во создавањето на иновативни решенија со потенцијал за иден развој и општествен придонес, како и за трансфер на знаење кон практична примена и отворање на можности за нови соработки со истражувачки и индустриски партнери.




Blvd. "Goce Delchev" no. 9, 1000 Skopje, Republic of North Macedonia
ukim@ukim.edu.mk
3293-293