Деветмина дипломирани инженери од УКИМ добија признание „Инженерски прстен“ за 2026

✨Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на 4 септември 2026г. им го врачи признанието „Инженерски прстен” на 14 најдобри дипломирани инженери, на церемонија пред црквата „Свети Климент и Пантелејмон” на Плаошник во Охрид.
Девет од добитниците се дипломци од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје:
– Марта Митева, Архитектонски факултет
– Антонио Томески, Градежен факултет
– Јане Коцески, Машински факултет
– Мила Саздова, Технолошко-металуршки факултет
– Огнен Пендаровски, Факултет за електротехника и информациски технологии
– Марија Симоновска, Факултет за земјоделски науки и храна
– Никола Петровски, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
– Михаил Трајков, Природно-математички факултет
– Мила Чолакоска, Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Во своето обраќање претседателката истакна дека најдобрите студенти во инженерските науки не се само индивидуален академски успех, туку непроценлив социјален капитал на државата, а од нашата решеност и способност да ги задржиме најдобрите зависи македонската иднина.
Признанието се доделува по 23. пат, а досега со него се закитиле вкупно 257 инженери.
Честитки до нашите дипломци!✨
Преземено од веб страницата на Претседателката на Република Македонија https://www.president.mk


Blvd. "Goce Delchev" no. 9, 1000 Skopje, Republic of North Macedonia
ukim@ukim.edu.mk
3293-293