Почетна | Новости | 08.11.2021


Одбележување на Светскиот ден на науката за мир и развој

УКИМ го одбележува Светскиот ден на науката за мир и развој, со настан кој ќе се одржи на 10 ноември 2021 (среда), со почеток во 13:00 часот, на хибриден начин, во свечената сала за седници на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (за добитниците на наградите) и преку канал на видеоконференциската платформа ZOOM (линк) , (времетраење од 13:00 – 14:15).
 
Oдбележувањето ќе се реализира преку следните активности:
Обраќање на проф. д-р Никола Јанкуловски,
ректор на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје
Промоција на добитниците на годишните награди за најдобри научници и уметник
на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје за 2020 година
Промоција на добитник на плакета за особен придонес во афирмација на научната дејност
на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје во изминатата деценија 2011-2020, научник со најголем број на публикации индексирани на Web of Science
Панел на тема: „УКИМ во интернационални рамки“, промовирање на
Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања при УКИМ, со следните говорници:
  • проф. д-р Јадранка Стојановска, New York University, Grossman Medical School, New York, USA
  • проф. д-р Розита Димова, Ghent University, Department of Languages and Cultures, Ghent, Belgium
  • проф. д-р Петар Поповски, Aalborg University, Department of Electronic Systems, Aalborg, Denmark
  • проф. д-р Никола Стиков, Polytechnique University of Montreal, Institute of Biomedical Engineering, Montreal, Canada