Почетна | Новости | 27.09.2024


Покана на свечен настан по повод првиот академски час на УКИМ

       

Драги бруцоши!

Со особена чест и задоволство ве покануваме да присуствувате на Првиот академски час што ќе се одржи на платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во организација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитетското студентско собрание на УКИМ.

Бидете дел од овој свечен настан што е посветен на започнувањето на новата академска година и има за цел да ги поздрави и мотивира новите студенти, како и да ја одбележи посветеноста на нашиот универзитет кон академската извонредност.

Датум: 1.10.2024 година
Време: 10:00 часот
Локација: Плато на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

На свечениот час ќе присуствуваат претставници на универзитетската заедница и претставници од студентските организации.

Вашето присуство ни е од огромно значење. Дозволете да ви изразиме достојно добредојде и среќен почеток на најубавите години од вашите животи.