Почетна | Новости | 20.09.2024


Конкурс за избор на најдобри научници и уметник на УКИМ за 2023

Во ноември секоја година, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ги објавува најистакнатите истражувачки достигнувања на Универзитетот, со цел да се истакне фокусот на Универзитетот кон научните истражување, како и вниманието кон истражувачите кои постигнале особено забележителни резултати.

Притоа, се избираат и промовираат најдобрите научници во сите научноистражувачки подрачја кои ги покрива УКИМ, како и најдобриот уметник од сите уметничките полиња. Дополнително, УКИМ ги промовира и поттикнува истражувачите кои со своите извонредни научноистражувачки резултати постигнале особен придонес кон афирмација на Универзитетот.

Со таа цел, Одборот за избор на најдобри научници и уметник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ објавува КОНКУРС за избор на најдобри научници на УКИМ во сите научноистражувачки подрачја, за постигнувањата во 2023 година и најдобар уметник на УКИМ за постигнувањата во 2023 година.

 

 

Во продолжение се приложени документите за Конкурсот.

И Н Т Е Р Е Н К О Н К У Р С за избор на најдобри научници и уметник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за 2023 година

Повеќе за изборот на најдобрите научници и уметници на УКИМ на следната страна.