Alumni

Добредојдовте на АЛУМНИ страната на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје – заедница што ги обединува сите кои дипломирале, магистрирале или докторирале на УКИМ.

АЛУМНИ мрежата има за цел да ги поврзе сите генерации студенти и да создаде платформа за континуирана соработка, размена на искуства и поддршка во професионалниот и личниот развој. Таа овозможува и поврзување со стопанството, образовните и истражувачките институции на национално и на меѓународно ниво.

Преку оваа мрежа, поранешните студенти можат да останат во контакт со своите колеги и професори, да се вклучат во различни иницијативи и активности, да придонесат кон унапредување на универзитетската и пошироката академска заедница.

АЛУМНИ мрежата не само што поттикнува личен и професионален развој, туку придонесува и за зајакнување на поврзаноста меѓу Универзитетот, неговите поранешни студенти и општеството во целина.

Членството е доброволно and отворено за сите кои студирале на УКИМ.
Регистрирајте се онлајн, приклучете се кон заедницата и станете дел од мрежата што го негува континуитетот, традицијата и угледот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

 

Линк за регистрација 

 

Objectives

АЛУМНИ мрежата има за цел да ги поврзе сите генерации студенти, создавајќи платформа за континуирана соработка и развој. Со оваа мрежа, поранешните студенти ќе можат да останат во контакт со своите соученици, да споделуваат искуства и знаења, и да се вклучат во разни професионални и општествени активности. Покрај тоа, мрежата ќе овозможи тековните студенти да добијат поддршка и менторство од алумни, што ќе придонесе за нивниот личен и професионален раст. На тој начин, оваа мрежа ќе ги поврзе сите генерации студенти на факултетите и институтите на УКИМ, со цел остварување заедничка континуирана соработка која ќе почива на цврсти темели и ќе придонесе за развој како на членовите на АЛУМНИ мрежата, така и на самиот Универзитет, односно на  факултетите и институтите во негов состав и бизнис заедницата во целост.

 

Vision

АЛУМНИ мрежата е формирана со визија да развие силно чувство на припадност кон Универзитетот кај сегашните и поранешните студенти преку најразлични активности и тоа:

  • За студентите:
    • Зголемени можности за професионален развој, менторство и вмрежување.
  • За алумните:
    • Платформа за враќање и поддршка на факултетот, како и за продолжување на личниот и професионалниот развој.
  • За академскиот кадар:
    • Подобра соработка со алумните, односно со бизнис заедницата и пошироката општествена заедница, што ќе овозможи поголем успех во образовните и истражувачките активности.
  • За општествената и бизнис заедницата:
    • Пристап до талентирани студенти и можности за соработка со факултетот и алумните.
Со оваа мисија и визија, алумни мрежата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ќе игра клучна улога во создавањето интегрирана и успешна заедница која ќе придонесува за развојот на сите нејзини членови.

Со зачленувањето се збогатува најголемото семејство на професионалци и стручњаци од соодветните области во земјата. АЛУМНИ мрежата не само што ќе придонесе за личен и професионален напредок на своите членови, туку и ќе го зајакне Универзитетот со бизнис и општествената заедницата во целост, преку професионално вмрежување.

Цели
  • Да се поврзат сите поранешни студенти во АЛУМНИ мрежата;
  • Да се креира база која ќе ги содржи податоците на сите регистрирани во АЛУМНИ и да ги направи достапни за сите алумни со цел да се овозможи нивно вмрежување за реализација на зедничките цели во иднина;
  • Да се гради и јакне врската меѓу студентите, алумните, кадарот на УКИМ, бизнисот и општествената заедница во целост;
  • Да се чува и негува традицијата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, да се јакне неговиот углед и да се промовираат неговите интереси и заложби;
  • Да се развие и продлабочи соработката на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје, со компаниите и институциите во кои работат негови поранешни студенти;
  • АЛУМНИ да работи во насока на меѓународна афирмација на Универзитетот;
 
Членство
Регистрирањето во системот на АЛУМНИ е доброволно и може да се направи on-line на следниот link
Уверени сме дека АЛУМНИ ќе предизвика интерес и ќе наиде на голем одзив кај нашите поранешни студенти, единствените кои ќе ја имаат привилегијата и честа да бидат регистрирани во системот на АЛУМНИ .
Ве покануваме да се регистрирате, да ја споделите информацијата за АЛУМНИ со Вашите контакти и да ни помогнете со заеднички сили да делуваме во насока на промовирање на веќе докажаното реноме на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.