Home | News | 04.07.2022


Информација до јавноста: ИЗВЕДЕН ХАКЕРСКИ НАПАД НА Facebook СТРАНАТА НА УКИМ

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ја информира јавноста дека е изведен хакерски напад на Facebook-страницата на Универзитетот и таа во моментов е контролирана од непознат субјект.
Се извинуваме за настанатите непријатности и се оградуваме од сите објави на неа, до повторно преземање на администрирањето од страна на службите на УКИМ.
Истовремено, ве информираме дека се преземени сите активности во согласност со Статутот на УКИМ, позитивната законска регулатива во државата и правилата на работење на Facebook.